Почна дискусијата за признавање на Косово во Парламентот на Шпанија

од Илинка Илиоска
121 прегледи

Парламентот на Шпанија ја започна расправата за признавањето на независноста на Косово.

Ова прашање е трета точка на дневниот ред на шпанските пратеници.

Иницијативата ја презеде парламентарната група на каталонската партија Жунтс, каде што се тврди дека Косово е „правна и демократска држава со околу 1,7 милиони жители“, која е призната како независна држава од над 100 земји, меѓу кои и 22. членки на ЕУ.

„Одбивањето на Шпанија да признае држава која го искористила своето легитимно право на самоопределување е пречка за европската политика за вклучување на Западен Балкан во ЕУ и тоа е фактор на дестабилизација на областа во контекст кој се карактеризира со војната во Украина што овој дел од Европа ја доживува со посебна вознемиреност“, велат Жунтс во образложението.

Слични содржини