Дом за стари лица официјално почна да се гради денеска во Зрновци. Во Домот, кој е прв од ваков карактер во источниот дел на Македонија, ќе можат да се сместат 64 лица во 32 соби. Во прв момент предвидено е да се вработат 30 лица.
Ова е приватна инвестиција на компанијата „Еко Пак Хит“ од Кочани.
-Во зависност од потребите, во подоцнежна фаза може да се дојде до бројка од 50 вработени лица, најави Билјана Митева, претставник на „Еко Пак Хит“, после денешното положувањето на камен-темелникот, каде присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Изградба на Дом за стари лица, фото: Фејсбук
Домот ќе располага со површина од 1800 квадратни метри.
-Целта за изградба на овој Дом не е само развој на Општина Зрновци, туку развој на целиот Источен регион. На раѓањето на Пресвета Богородица сите сме сведоци на раѓање на нов проект, кој ќе овозможи поквалитетен живот на повозрасните и нови работни места, нагласи претставникот на „Еко Пак Хит“, Билјана Митева.
Мицкооски пак, изјави дека како Влада сториле се што е во нивна моќ за процесот да се забрза изградбата на еден ваков објект.

Христијан Мицкоски, Фото: Фејсбук
-Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци, да сториме се што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции, да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да создаде едно раѓање на еден нов објект, којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат неговите услугите, нагласи Мицкоски.