ПОЧНА КРАЖБАТА НА ВАКЦИНИ: Маж уапсен затоа што влегол во клиника и ги зел сите дози, вакцинацијата морала да се одложи

од Nikola Popovski
185 прегледи

Првата кражба на вакцини против коронавирус е регистрирана синоќа во Полска, кога крадци упаднале во центарот за вакцинација во Илово-Осада на северот на земјата и ги украле сите вакцини што биле во фрижидер, односно три шишиња со 18 дози.

„Провалата и кражбата ги открија вработените во центарот. Прозорецот е скршен. Утврдено е дека се украдени три шишиња вакцини против корона, вкупно 18 дози“, изјави за телевизијата Полсат портпаролката на локалната полиција, Јустина Новичка.

Во меѓувреме, еден маж (39) беше уапсен.

3.000 луѓе живеат во Илово-Осада и осомничениот ги украл вакцините за најстарите жители на кои веќе им е даден датум на вакцинација, па морале да ја одложат, пренесе полското радио РМФ ФМ.

Полска започна со вакцинација, како и остатокот од Европската унија на 27 декември, а од понеделникот ги вакцинира најстарите генерации на Полјаци кои аплицирале за вакцинација.

Досега, според денешните податоци на полското Министерство за здравство, вакцинирани се 905.500 лица, од кои 123.000 се вакцинирани со втората доза.

Полска планираше да вакцинира 3,1 милиони граѓани од категориите кои се најмногу изложени на ризик со тешки симптоми на Ковид-19 до крајот на првиот квартал. Сепак, испораките на вакцините Фајзер / Бионтек се привремено намалени, како и во остатокот од ЕУ, а Модерна ги извести полските власти во последен момент оваа недела дека испораките планирани за во вторник мора да бидат одложени за викендот.

Слични содржини