Денес од Јужна Америка. на тригодишна мисија е лансирано европско вселенско летало, со цел проучување на планетите од другите соларни системи.
Сателитот Кеопс(CHEOPS – CHaracterising ExOPlanets Satellite) – телескоп за проучување на егзопланети е лансиран од местото Куру во Француска Гвајана, во 9:45 по средноевропско време на руската ракета Сојуз.
Леталото беше лансирано 24 часа по вчерашното одложување поради проблеми со софтверот. Европската вселенска агенција изјави дека првата сателитска мисија е посветена на проучување на блиски ѕвезди, за кои веќе се знае дека имаат планети. Агенцијата се надева дека податоците добиени од оваа мисија ќе овозможат да се пресмета густината на овие планети, што е прв чекор кон подобро разбирање на истите.
Телескопот ќе има за цел да ја утврди големината на планетите додека поминуваат пред нивните ѕвезди – домаќини. Швајцарскиот астроном и добитник на Нобеловата награда за физика, Дидие Келоз кој го предводи научниот тим на Кеопс, за Асошиејтед Прес изјави дека оваа недела мисијата ќе биде насочена кон само 100 од вкупно 4400 егзопланети, пронајдени надвор од нашиот сончев систем.
Делумно, тимот ќе се обиде да утврди дали може да постои друга планета освен нашава, на која што би опстанале живи суштества.