Почна продажбата и на становите во третата кула во комплексот „Diamond of Skopje“

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Расте интересот за високо квалитетно урбано живеење во мултифункционални комплекси во Скопје, кои нудат различни содржини. На самиот старт од изградбата на третата од вкупно четири кули од комплексот „Diamond of Skopje“ што го гради „Лимак Скопје“, купувачите покажуваат голем интерес за становите, кои се со различна површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратни метри. „Лимак Скопје“ нуди можност за плаќање на 24 рати без камата, а во оваа почетна фаза на продажба на станови во третата кула, достапни се и други поволности и истите ќе важат до крајот на годината. За сите детали заинтересираните можат да се информираат во Салонот за продажба, сместен во комплексот „Diamond of Skopje“.

Во текот на градбата се користат високо квалитетни еколошки и одржливи градежни материјали, водејќи сметка за енергетската ефикасност и еколошките аспекти на целиот објект. Становите имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија. За да се обезбеди звучна изолација, за сите внатрешни ѕидови се користат лесни бетонски блокови. Во изработката на надворешната фасада се користи камена волна и стаклена фасада само во аглите на фасадата, со што се овозможува топлинска изолација и заштеда на електрична енергија. Становите се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија.

Дополнителна вредност на комплексот „Diamond of Skopje“ е атрактивниот Д – плус концепт. Имено сопствениците на станови во комплексот, покрај другите содржини ќе имаат и пристап до содржините на Д – плус концептот, кој го сочинуваат соодветно опремени простории за видео игри, за караоке, за забави и музика, приватно кино, како и простории за пилатес.

„Големиот интерес за купување на станови во Diamond of Skopje е само дополнителен поттик да продолжиме со реализација на нашата мисија, а тоа е создавање на препознатлив комплекс кој ќе стане симбол на модерното урбано живеење во Скопје. Остануваме и понатаму целосно посветени на оваа идеја, согласно планираната динамика и со доследно почитување на најдобрите градежни практики и високите стандарди при работа, кои се дел од високата професионална етика и големото искуство на Лимак“, изјави главниот извршен директор на „Лимак Скопје“ Куртхан Апајдин.

„Diamond of Skopje“ се протега на површина од 325.000 метри квадратни, има четири станбени кули со вкупно 772 станбени единици. Покрај тоа, комплексот има деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 квадратни метри, чија изградба влегува во завршна фаза, хотел со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој работи повеќе од една година, како и 3.200 паркинг места. Вкупната инвестиција во комплексот изнесува 250 милиони евра.

Комплексот ќе има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.  Дел од проектот е и подземната сообраќајница што ќе се протега под комплексот „Diamond of Skopje“, која ќе биде долга 800 метри и широка 37 метри, со по две сообраќајни ленти во двата правци и простор за евентуална трамвајска линија во средината.

„Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Градежната компанија „Лимак“ која е дел од оваа Групацијата,  оваа година повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот, што традиционално ја прави „Engineering News Records“, заземајќи го 50-то место од вкупно 250 глобални градежни компании.

Слични содржини