Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата пред Министерство за правда.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред два дена ги повика граѓаните на протест против поскапувањето на струјата.
– Скришум, во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата и тоа создавајки екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија, но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите – македонци, албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и сите останати сме во иста група на граѓани која што гледа една те иста мака, а тоа е сиромаштијата. Владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот, рече Мицкоски.
Овој протест против покачувањето на струјата како што најави Мицкоски, ќе биде прв во серијата протести кои ќе ги организира коалицијата.