Во претседателската вила „Водно“ вечерва почна седницата на Советот за безбедност на Република Македонија во проширен состав, што го свика претседателот Ѓорге Иванов по терористичките напади во Париз.vila-vodno-s-300x137

На седницата, покрај шефот на државата Иванов, присуствуваат и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, како и членовите на Советот Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

На покана на претседателот Иванов, согласно деловникот за работа на СБ, на седницата присуствуваат и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи Никола Тодоров, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност Горанчо Савовски, раководителот на сектор во Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев.

На седницата не присуствуваат Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, како и заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков поради службено патување надвор од Република Македонија.

На седницата не присуствува директорот на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена, Сузана Сали

Слични содржини