Почна судењето на Хрватот заробен во Доњецк: „Не сум виновен!“

од Берта Китинска
277 прегледи

Судот во прорускиот регион Доњецк во источна Украина обвини еден Хрват и уште четворица странски државјани дека се бореле како платеници на украинската страна.

Руските медиуми во понеделникот објавија дека на Хрватот кој сепаратистичкиот суд на истокот на Украина го обвини дека е платеник на киевските сили му се заканува смртна казна.

Тројцата, вклучувајќи го и уапсениот Хрват, се соочуваат со смртна казна. Другите двајца се Британецот Џон Хардинг и Швеѓанецот Матијас Густафсон, пренесува ТАСС.

Тој денеска пред судот рече дека неговите должности на бојното поле биле ограничени на набљудување на непријателските позиции и ја отфрлил вината.

Сите тројца се уапсени во и околу градот Мариупол.

Повикувајќи се на судијата, ТАСС наведува дека судењето би можело да продолжи на почетокот на октомври.

Хрватска претходно остро го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против Хрват притворен во таа самопрогласена република.

Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално, бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на заробени цивили и воени затвореници“, објави Министерството за надворешни и европски работи на почетокот на овој месец.

Во Зрињевац рекоа дека се во постојан контакт со украинските власти и други партнери со цел расветлување на случајот и ослободување на уапсениот Хрват, како и дека се во контакт со неговото семејство.

Слични содржини