Откако беше разрешен од позицијата претседател на Врховниот суд и некогашен судија, Јово Вангеловски денес се појави на судењето во кое му се суди за злоупотребна на службената положба и овластувања, со оглед на тоа дека на Лидија Неделкова не и дал додаток на плата.
„Како претседател на Врховениот суд со умисла ја искористил својата положба и на судиите им дал додаток на плата од 35% поради висок ризик. За сите судии донел поединечни решенија за месец ноември 2018 година, а на отштетената Лидија Неделкова која не користела отсуство, свесно со намера да ѝ ги повреди правата, не донел решение за исплата на 31.839 денари“, наведуваат од Обвинителството.
Јово Вангеловски и покрај обвинувањата, не ја признава вината. Имено, тој посочува дека но месец ноември во 2018. година, судијката Неделова отсуствувала од работа и од општите единици на Врховен.Но и покрај тоа, Неделкова покрај несплатениот додаток на плата,бара Вангеловски да ѝ плати отштета од еден милион денари или над 16.000 евра.
„Па, сметам дека тоа е една соодветна сума која впрочем и се доделува за навреда на честа и угледот и сметам дека тоа е оправдано и ќе успеам во тоа“, потенцира Неделкова.
Инаку, судењето се одложи за 28. ноември. Но, против Вангеловски ова не е единствен случај. Имено, против него се води истрага за евентуално намерно чување на предмети во фиока додека бил шеф на Врховниот суд. Од функциите беше разрешен поради укинувањето на притворот за бизнисменот Сеад Кочан кој во тоа време беше во бегство.