Компанијата „Вирџин галактик“ на милијардерот Ричард Бренсон ќе изврши пробен туристички лет во вселената денес во 15 часот по средноевропско време.
Брансон ќе биде меѓу шесте патници во ракетата што ќе полета од наменскиот комерцијален космодром „Спејс Порт Америка“, во американската сојузна држава Њу Мексико.
Компанијата изјави дека преносот во живо ќе започне во 7 часот по локално време, што е во 15 часот по средноевропско време, пренесуваат американските медиуми.
Join us July 11th for our first fully crewed rocket powered test flight, and the beginning of a new space age.
The countdown begins. #Unity22
https://t.co/5UalYT7Hjb. @RichardBranson pic.twitter.com/ZL9xbCeWQX— Virgin Galactic (@virgingalactic) July 1, 2021
Носачот-авион ќе полета од пистата и ќе го лансира леталото „VSH Unity“ на надморска височина од 15 километри, а двајца пилоти ќе ги запалат ракетните мотори што ќе го однесат леталото над 80 километри надморска височина, што САД ја сметаат за граница на вселената.
Патниците, Бренсон и претставниците на неговата компанија ќе можат да се одврзат и да уживаат во бестежинска состојба неколку минути.
Леталото потоа ќе се врати на пистата од која ќе замине.
Брансон сака да го оцени искуството за идните клиенти, што се очекува од 2022 година. Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 долари.
„Кога ќе се вратиме, ќе објавам нешто многу возбудливо за да им дадам на повеќе луѓе можност да станат астронаути“, вети тој.
The future of space tourism in New Mexico is getting one step closer! @virgingalactic is launching their first fully-crewed flight with @richardbranson tomorrow! Tune in at 7am MDT for a live stream of the #Unity22 launch at https://t.co/6Vk2fgiIdE! pic.twitter.com/yKWnyUIrNu
— New Mexico TRUE (@NewMexico) July 10, 2021
Компанијата на друг милијардер, Џеф Безос, „Blue Origin“ ќе го лансира своето летало на 20 јули, на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година. Ракетата „Роки Шепард“ е именувана по Алан Шепард, првиот Американец во вселената.
Иако се најавуваше со години, ерата на вселенскиот туризам ќе зависи од успехот на овие пробни летови.
Во 2014 година се сруши летаолото на „Вирџин Галакси“, при што загина пилотот, што предизвика големо одложување на програмата.