210
Министерството за здравство информира дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија.
-Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, велат од МЗ.
Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.