Поцков: Со ребалансот скратени 15 милиони евра за земјоделски субвенции

од desk3
88 прегледи

„Со последниот ребаланс, буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој е намален за 912 милиони денари. Тоа се 15 милиона евра помалку пари за субвенции за земјоделците“, изјави пратеникот на СДСМ, Сашко Поцков.

S.Pockov

Тој потсетува дека во последните пет години на земјоделците им се скратени повеќе од 140 милиони евра за субвенции.

– Годинава се кратат многу пари за земјоделците, кога коси болеста јазлеста кожа и на повидок е млечна криза. Се кратат пари за земјоделците кога раноградинарските култури се откупуваат по багателно ниски цени, кога 75 проценти од оризот сè уште е непродаден. Земјоделците треба да знаат дека се кратат пари за нив во услови кога со ребалансираниот буџет долгот на државата и на сите граѓани ќе се зголеми од 309 милиони евра на 344 милиони евра – изјави Поцков.

 

МЕТА