Околу 180 шумски пожари беснеат во областа Британска Колумбија во Канада поради што 3000 домаќинства се евакуирани.

Властите прогласија вонредна состојба . Пожарот зафатил стотина километри од внатрешниот дел на провинцијата, и ова се дефинитивно најсилни пожари во  последните десетици години.  Вонредна состојба во Британска Колумбија последен пат била прогласена во 2003 година и тогаш поради пожари.Високите температура им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Пожарите букнаа во петокот. Нема податци за евентуални жртви или повредени.

Слични содржини