Под строг протокол: Чарлс и Вилијам во униформа, додека Хари во одело ќе се прости од својот дедо

од Stefanija Kuzmanovska
523 прегледи

Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип, откако тој се повлече од своите должности во кралското семејство.

Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на Кралските маринци, која ја презеде од неговиот дедо, како и уште две почесни воени функции. Ова значи дека тој не може да носи официјални униформи на јавни настапи и најверојатно ќе пристигне на службата во сабота во одело како и другите поранешни војници. Ова ќе биде во целосна спротивност на неговиот татко, принцот Чарлс и неговиот брат, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во полковна облека.

Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во одело откако се повлече од јавната функција во 2019 година поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.

Слични содржини