Зградата на владата на Косово вечерва беше осветлена во боите на украинското знаме. Премиерот Албин Курти најави дека тоа е направено во знак на солидарност со украинскиот народ.
„Без разлика колку се темни времињата и колку е тешка борбата, историјата ги фаворизира праведниците. Во овој критичен момент за украинскиот народ, ја осветливме зградата на владата во знак на солидарност меѓу народот на Косово и народот на Украина“, напиша Курти на Твитер.
No matter how dark the times or how hard the struggle, history favors the just.
In this critical time for the Ukranian people we lit up the building of the government to show the solidarity of the people of 🇽🇰 with the people of 🇺🇦. pic.twitter.com/mFjOctbm6K— Albin Kurti (@albinkurti) February 22, 2022
Покрај објавата, тој сподели и неколку фотографии од зградата на Владата.