137
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) денеска соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал во здравството кој утре ќе одржи протест пред Министерството за здравство, откако тие беа изоставени во последниот бран на покачување на платите на здравствените работници.
-Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги поддржува нивните барања за покачување на платите и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество, стои во соопштението од САДУ.