Поддршка за Адеми од пратеничките од СДСМ

од Берта Китинска
297 прегледи

Преку социјалните медиуми пратеничките од СДСМ, Даниела Николова и Љубица Спасова застанаа зад претседателот на Комисијата за европски прашања Арбар Адеми кој вчера со филџан и шишиња фрлаше кон пратениците од опозицијата.

-Дали има судии кои треба да се пензионираат, а водат предмети на функционери од дпмне?Од што се исплашија?На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент. Со пцости, вулгарности и лични навреди го нападнаа претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми!!, напша Николова

Спасова во својата објава вели дека Aдеми најдобар претседател на Комисијата за европски прашања.

– На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент!!!Пратениците се најповикани да ги почитуваат законите, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден го кршат Деловникот и на крај му се нафрлија и го нападнаа претседателот Адеми, со пцости, вулгарности и физички контакт. Aдеми најдобар претседател на Комисијата за европски прашања!, смета Спасова.

Вчерашниот ден го одбелажа инцидентот во Собранието кога претседателот на Комисијата за европски прашања почна да фрла со предмети кон пратениците од опозицијата. Настана и турканица на расправата за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат треба да им се продолжи работниот век до избор на нови.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противеа на законските измени, го заобиколија пултот на поранешниот министер за образование Арбар Адеми од ДУИ, а тој прво го удри Антонио Милошоски по раката и почна да фрла со филџан, шише и скрши дел од опремата.