ПОДДРШКА ЗА МЕГАН ОД ДВЕ ГОЛЕМИ СВЕТСКИ SВЕЗДИ: „Таа ме учи секој ден што значи да се биде благороден!“

од Vladimir Zorba
250 прегледи

И додека во светот се шират претежно негативни коментари за Меган Маркл и принцот Хари во врска со интервјуто во кое тие упатија обвинувања против кралското семејство, сега пристигна јавна поддршка за поранешната актерка од две големи светски sвезди.

Имено, познатата пејачка Бијонсе на својата веб-страница објави порака на благодарност и поддршка за Меган Маркл.

„Ти благодарам, Меган, за твојата храброст и лидерство. Сите сме силни и инспирирани од тебе“, напиша Бијонсе.

Меѓу оние кои ја бранеа Меган беше и тенисерката Серена Вилијамс.

„Меган Маркл, мојата несебична пријателка, го живее својот живот и е водена од емпатија и сочувство. Таа ме учи секој ден што значи да се биде навистина благороден. Нејзините зборови ја илустрираат болката и суровоста што ја доживеа“, напиша Серена на Инстаграм по емитувањето интервју за кое зборува целиот свет.

Слични содржини