Поддршката на британскиот народ за Чарлс драстично се зголемила откако тој стана крал

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Кралот Чарлс Трети ужива зголемена поддршка откако ја наследи кралицата Елизабета Втора како нов монарх на Велика Британија, според анкета на глобална агенција за истражување на јавното мислење.

Истражувањето за весникот „Тајмс“ покажа дека поддршката за Чарлс (73) драстично се зголемила откако станал крал во споредба со анкетите спроведени претходно оваа година, објави „Ројтерс“.

Сопругата на Чарлс, Камила, исто така ужива поголема поддршка.

Слични содржини