Поддржувачите на Болсонаро бараат од бразилската војска да го задржи на функцијата

од Nikola Popovski
323 прегледи

Илјадници поддржувачи на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој загуби на неодамнешните избори од претставникот на левицата Луис Инасио Лула да Силва демонстрираа денеска во Рио де Жанеиро и ја повикаа армијата да да го задржи Болсонаро, претставник на цврстата десница на функцијата, иако неговата администрација сигнализира подготвеност да ја предаде власта на победникот на изборите.

Поддржувачите на претседателот се собраа на дождот пред зградата на Источната воена команда во Рио, при што многу учесници креваа тупаници во воздух, вееја национални знамиња и ја пееја националната химна, со некои скандирања: „Армијо, спаси го Бразил“ и „Нашиот народ , кога е обединет, никогаш нема да биде поразен“.

Во меѓувреме, бразилските камионџии – кои во голема мера го поддржуваат Болсонаро – продолжуваат да блокираат многу патишта во знак на протест против неговиот изборен пораз, и покрај тоа што Врховниот суд им нареди да запрат.

Овие протести се одржуваат иако победата на Да Силва беше широко признаена на меѓународно ниво, а Врховниот суд на Бразил препорача Болсонаро да ги прифати резултатите од изборите во недела.

Членовите на владата, државните гувернери и верските водачи кои силно го поддржаа Бослонар изразуваат отвореност за идната левичарска влада.

Војската играше голема улога под Болсонаро, но не беше гласна во месеците помеѓу првиот и вториот круг на претседателските избори, што веројатно е знак на дистанцирање од поранешниот воен капетан, изјавија експерти за безбедност за Асошиејтед прес.

„Во демократските држави, воените сили немаат збор во изборниот процес. Овој молк е пожелен“, рече претседателот на Бразилската асоцијација за безбедносни студии, Едуардо Муњоз Свартман.

Болсонаро загуби од Да Силва во многу неизвесна и напната изборна трка, собирајќи 49,1 отсто од гласовите во вториот круг од изборите наспроти Да Силва кој собра 50,9 отсто.

Тоа беше најтешкиот изборен резултат во Бразил откако јужноамериканската земја се врати на демократијата во 1985 година. Тоа беше, исто така, првпат Болсонаро да загуби изборна трка во неговата 34-годишна политичка кариера.

На претседателот во заминување му беа потребни речиси два дена дури и да и се обрати на нацијата по неговиот пораз, а имаше шпекулации дека ќе се спротивстави на изборните резултати, бидејќи пред нив постојано ја доведуваше во прашање веродостојноста на изборниот систем на Бразил.

Во говорот што го одржа вчера во претседателската резиденција, кој траеше помалку од две минути, Болсонаро избегна директно да го признае поразот од Да Силва, но рече дека ќе продолжи да го почитува уставот на Бразил. Тој, исто така, ги поддржа протестите на неговите поддржувачи, но само додека тие го прават тоа на мирен начин.

Веднаш потоа, неговиот началник на кабинетот им рече на новинарите дека Болсонаро го овластил да го започне процесот на предавање на власта. Нешто подоцна, претседателот, наводно, им рекол на членовите на Врховниот суд дека неговата изборна битка со Да Силва завршила.

“Готово е. Значи, да гледаме напред“, рече Болсонаро според судијата на Врховниот суд Луис Едсон Фачин. Фахин ова го изјави во видео порака што ја пренесоа бразилските медиуми.

Слично како поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому Болсонаро отворено му се восхитува, бразилскиот претседател во заминување тврди дека електронските гласачки машини се подложни на манипулации. За ова не понуди никаков доказ, дури ни кога судскиот орган надлежен за изборите побара од него докази.

Многу од неговите поддржувачи фрлаат сомнеж во изборните резултати, а про-Болсонаро камионџии поставија илјадници блокади низ целата земја во знак на протест. Рано утринава полицијата отстрани 630 блокади на патиштата, а повеќе од 150 се уште се поставени. На една од блокадите во државата Сао Паоло, демонстрантите вчера запалија гуми.

Гувернерот на Сао Паоло Родриго Гарсија вчера изјави дека времето за преговори со бунтовничките камионџии е завршено и не ја исклучи употребата на сила за отстранување на блокадите, но приврзаниците на Болсонаро продолжија да се спротивставуваат и ја повика армијата да оди на или бразилскиот Конгрес и Врховниот суд да се распуштат и претседателот да остане на функцијата.

Слични содржини