Засилени безбедносните мерки во Москва и Санкт Петербург пред протестиte на приврзаниците на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Московските власти објавија дека досега на неовластениот протест во Москва излегле околу триста лица.
„На неовластениот митинг во Москва има околу 300 лица, од кои 200 на плоштадот „Сухаревски“ и 100 во близина на метро-станицата „Красније ворота“, се вели во соопштението на регионалниот оддел за безбедност на градот.
Riot cops out in force at Lubyanka Square ahead of planned #navalnyprotests #Navalny today. #CNN #Russia pic.twitter.com/MCA8YEooVT
— Frederik Pleitgen (@fpleitgenCNN) January 31, 2021
Како што јави дописникот на Спутник, во Москва започна апсењето на учесниците на протестот, а според неговите пресметки, најмалку 66 лица се веќе приведени.
Поради планираните неовластени митинзи во центарот на Москва, беа воведени бројни ограничувања. За време на протестот, ќе бидат воведени ограничувања за пешаците, некои станици во московското метро се затворени, паркирањето е ограничено, а продавниците, трговските центри и рестораните во близина на Лубљанскиот плоштад се затворени.
Cops on Sukharevska square just arrested a journalist. #navalnyprotests #CNN #Russia pic.twitter.com/M64xaUYnQl
— Frederik Pleitgen (@fpleitgenCNN) January 31, 2021