Поделбата на имотот започна: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ја продаваат вилата на Мајор

од Љубиша Владимиров
2,1K прегледи

Поранешната спортска двојка од соништата, Ана Ивановиќ (37) и Бастијан Швајнштајгер (40), одлучија да продадат една од своите луксузни вили на Мајорка, поради сè погласните гласини за развод, пренесуваат германските медиуми. Двојката со години уживаше во Сон Вида, елитна населба во Палма, каде што поседуваа две соседни вили. Сепак, одлуката да се продаде една од нив е уште една потврда дека Ана и Бастијан започнале со поделба на имотот, пишува германскиот портал „Гала“.

Особено интересно е што Ана најмногу време поминувала во оваа куќа, заедно со своите родители Драгана и Мирослав, кои често престојувале таму со нивните внуци, Лука (7), Леон (4) и Тео (1). Бастијан претпочитал да престојува во колибата во австрискиот Тирол, каде што минал поголем дел од последните месеци. Истовремено, германската водителка Естер Седлачек, за која медиумите шпекулираат дека е главната причина за кризата во бракот, уживала на истото место во февруари.

Гласините за крајот на љубовта помеѓу Ана и Бастијан траат со недели, а германските медиуми посочуваат дека Седлачек, која е бремена, е виновна за сè. Дополнителни сомнежи разбудија и контроверзните изјави на Бастијан и Естер во програма во живо, како и поканата од Швајнштајгер до водителката да го поминат викендот заедно.

Приватниот живот на Естер Седлачек останува голема мистерија. Познато е дека е во брак, но не е јасно со кого. Во мај 2019 година роди ќерка, а две години подоцна син, и сега повторно очекува бебе. Интересно е што порано беше во врска со познатиот германски голман Кевин Трап. Дополнително, Ана и Бастијан неодамна беа забележани во јавноста без венчалните прстени, што дополнително ги зајакна гласините за развод.

Како започна љубовната приказна меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер?

Во подкастот на „Билд“ од 2023 година, Бастијан откри детали за почетокот на нивната врска.

„Првпат ја запознав Ана во Њујорк преку заеднички пријател, кошаркарот Штефен Хаман. Тогаш не зборував добро англиски, па повеќе ја слушав отколку што зборував. Набрзо сфатив дека Ана е жената на мојот живот. Тоа беше оној посебен момент кога ќе погледнеш некого во очите и ќе знаеш дека е тоа љубов“, раскажа тој.

Бастијан откри и како ја побарал за жена:

— Долетав за Белград и го побарав нејзиниот татко за рака на српски јазик. Потоа, во Лондон, тајно изнајмив мал парк што беше користен за снимањето на филмот „Нотинг Хил“. Кога Ана го виде паркот со отворена порта, предложив да влеземе. Таму, ја запросив. Беше вистинско изненадување за неа.

Тој откри и дека често се обидувал да ја победи Ана во тенис, но безуспешно:

— Секогаш започнувам со предност од 30:0, но Ана брзо го превзема водството. На крајот губам 6:1, 6:2. По натпреварот, таа оди да трча во теретана, додека јас едвај стојам на нозе. Никогаш не сум освоил ни сет против неа, но имам цел барем еднаш да стигнам до тајбрејк, — заврши Бастијан.

Слични содржини