Подемот на бисексуалните жени во шоу-бизнисот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Од неодамна се чини дека има тренд во западниот свет сè повеќе жени да се самоопределуваат како бисексуалци.5ed9f35b733e6a4cad42dbcdb9e26ed7

Според експертите дамите се повеќе склони да го сменат своето мислење за својата сексуалност, во споредба со мажите.

Повеќето претставници на посилниот пол се опишуваат себеси како 100% хетеробиполарни или хомосексуални, но кај претставничките на понежниот пол, процентите не се така категорични.

Сè повеќе познати жени  отворено зборуваат и ја коментираат својата бисексуалност. Ова важи за актерките  Кејт Бланшет, Меган Фокс, Џилијан Андерсон, Мишел Родригез, Ана Пакуин и др. Поп ѕвездата Мајли Сајрус, моделите Кара Делевин и Ајрланд Болдвин и др.

Сите тие делат искуства  од романтична врска со претставничка на својот пол и не сакаат да даваат етикета на својот сексуален идентитет.

Дури и 16-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Парадиз- Лили Роуз изјави пред неколку дена дека не може да се дефинира како хетеросексуална, со што ги шокираше своите фанови.

Небаре сè започна пред неколку години со холивудската актерка Анџелина Џоли, која имаше врска со жена (имаше афера во крајот на 90-тите со моделот Џени Шимитцу), а потоа таа се омажи за Бред Пит и стана мајка на 6-те негови деца .

Според новото истражување, базирано на анкетата, жените се посклони да ја избираат етикетата “скоро хетеросексуална”, но без да се целосно категорични за својата сексуалност.

Мишел Родригез; Фото: сп.Interview

Истражувачот Елизабет Макклинток од Универзитетот во Индијана, изјавува: “Ова покажува дека женската сексуалност е пофлексибилна и адаптибилна отколку машката.”

Амбер Херд; Слика; Getty Images

Супермоделот Кара Делевин неодамна изјави во интервју дека не ја смета својата бисексуалност за фаза од животот. Во моментов таа има сериозна врска со пејачката Сент Винсент. Амбер Херд пак имаше долга врска со позната фотографка, по што се заљуби и омажи за Џони Деп.

Прашањето е, дали жените едноставно се подготвени да експериментираат во сексот, или навистина доживуваат привлечност кон сопствениот пол.

Анџелина Џоли; Слика; Getty Images

Д-р Макклинтон вели: “Жените кои во рана возраст имаат креирано успешно партнерство со маж, се потрадиционални во сексот и немаат желба или потреба да истражуваат дали имаат, или не привлекување кон сопствениот пол.”

Студијата исто така покажа дека младите мајки често се сметаат себе како хетеросексуални низ 20-те години, но неколку години подоцна, се со поголема веројатност да доживеат истополова врска.