Главниот град на Црна Гора,поранешен Титоград, наскоро има намера да му подигне споменик на Јосип Броз Тито, одлучија одборници од Собранието на Подгорица.

Градоначалникот и иницијатор на таа идеја Иван Вуковиќ рече дека одлуката за подигнување споменик на Тито не претставува југоносталгија туку доказ дека Црна Гора останува верна на антифашистичката ориентација.
– Антифашизмот во Црна Гора е жив и државата нема намера да скршне од тој пат, изјави Вуковиќ. Тој додаде дека во „Титово време режимот не бил демократски, но алтернативите на тој режим биле многу полоши“.