Подготвен да помогне во Ковид пандемијата и медицинскиот персонал на АРМ

Се очекува од денес одреден број на медицински сестри кои биле дел од војската да се придружат кон јавните здраствени работници со цел да се изборат против Ковид кризата.

Имрно, по прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на Армијата.

Во текот на изминатите 24 часа беа регистрирани нови 820 случаи од направени 2019 тестови. Министерството за здравство соопшти дека починати се 32 пациенти, а оздравени 895 пациенти.

Најголемиот број на новодијагностицирани се од Скопје – 279 по што следуваат Битола со 58, Куманово со 49, Тетово со 42, Штип со 39, Гостивар со 37, Кавадарци со 34, Струга со 33, Струмица и Гевгелија со по 25, Охрид со 24, Неготино со 21, Велес со 19 и Прилеп и Кочани со по 15 случаи.
Од починатите, најмладиот е на 55-годишна возраст, а најстариот на 95-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Министерот за здравство Венко Филипче со апел до граѓаните во претстојниот период на слави и прослави да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

„Славите, прославите и семејните собири беа причина за влошување на епидемиолошката состојба за време на првиот бран, да не дозволиме тоа повторно да се случи. Заштитете се себе си и сите околу вас“,истакна вчера министерот Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

Тому според информациите споделени од Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети, но, како што посочува, бројките се менуваат од час во час во зависност од направените приеми и исписи.

Инаку Ковид центрите на интерните клиники во Скопје на покана на министерот за здравство ги посетил и доктор Никола Пановски, кој изготвил стручно мислење во кое меѓу другото навел дека правилно се третираат пациентите.

„Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам односно цефтриаксон заедно со макролид азитромицина најчесто и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем – имипенем или меропенем, со ванкомицин“, напишал Пановски во дописот до Филипче.

Слични содржини