Слабата економија ќе му пречи во иднина на Вашингтон да ги пишмани противниците од војна со САД, анализира National Interest.
Една од причините за минатите воени успеси на САД беа случувањата во воениот комплекс, кој во моментов од него останала дел, пишува Питер Наварро, професор од Универзитетот Калифорнија во Ирвин во статија за National Interest.
На почетокот на Втората светска војна САД имаше силна економија. Волуменот на економиите на нацистичка Германија и империјална Јапонија заедно имаа потенцијал само на половина од американските економски БДП.
Помеѓу економските и воените успеси постоеше силна врска: зад секој американски војник стоеше воен комплекс на неговата татковина, а американските фабрики можеа да и испорачаат на армијата оружје, тенкови и бродови во потребното количество.
Денес сепак поголемиот дел од овие стратешки фабрики се затворени, а активното производство се развива во градовите како Ченгду, Чонгкинг и Шенжен.
Овој пресврт во настаните создаде огромен стратешки проблем за Вашингтон. Во случај на големи воени дејствија за кои станува збор во светлината на настаните во Јужното Кинеско Море, на страната на САД веќе нема предност во производството.
“И додека 60 од најголемите бродоградилишта во Кина работат деноноќно за да создаваат огромни подморници и други делови од ударни авионосни групи, многу од бродоградилиштата во САД или се пред гаснење или веќе се затворени”, истакнува експертот.
Во моментов во Ченгду масовно се произведуваат авиони од петта генерација, направени врз основа на американските F-22 и F-35, забележува експертот. А во САД програмата за F-22 е запрена, а развојот на ловци F-35 се соочува со финансиски и технолошки тешкотии.
Вселенската програма на САД се уште е на местото, но во меѓувреме Кина создава свој систем за глобално позиционирање.
Ако економистите и специјалистите за национална безбедност не престанат да мислат дека нивните интереси не се сечат и не се зафаќаат со обновата на воениот комплекс, во идните војни вооружените сили на САД нема да има со што да одговорат на противникот.
