„Подготвени сме за руски закани, не сме сами“: Молдавија се огласи и испрати брутална порака до Кремљ

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Молдавија денес ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира напад на отцепениот молдавски регион Транснистрија по вооружена провокација и повика на смирување на тензиите.

Руското Министерство за одбрана денес ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во самопрогласениот регион Молдавија и објави дека Киев има намера да спроведе „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Транснистрија, пренесе РИА Новости.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин тврди дека Западот и наредил на молдавската влада да ја прекине секоја комуникација со сепаратистичките власти во Транснистрија, објави Ројтерс, цитирајќи руски медиуми.

Молдавската влада објави соопштение на Телеграм во кое се прецизира дека државните власти не ги потврдуваат тврдењата на руското Министерство за одбрана, наведува британската агенција.

„Повикуваме на смиреност и информирање на јавноста од официјални и кредибилни извори на Република Молдавија. Нашите институции соработуваат со странски партнери, а во случај на закани за државата, јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.

Молдавскиот министер за надворешни работи, Нико Попеску во средата изјави за Ројтерс дека поранешната советска република, која граничи не само со Украина, туку и со Романија, членка на НАТО, е подготвена за целиот опсег на закани од Русија.

„Се разбира дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами во ова“, рече тој.

Молдавската претседателка, Маја Санду ја обвини Русија на почетокот на овој месец дека планира државен удар за да ја собори владата и да го вовлече Транснистрија во нејзината војна во Украина.

Регионот прогласи независност во 1990 година, една година пред распадот на Советскиот Сојуз, поради стравувањата дека Молдавија ќе се обедини со Романија, чиј јазик и култура во голема мера го дели.

По кратката војна на Молдавија со сепаратистите во 1992 година, немаше насилство во изминатите 30 години, а руските „мировници“ сè уште се распоредени на малата територија, која нема меѓународно признавање, наведува Ројтерс.

Слични содржини