Поднесена иницијатива за интерпелација на Урсула фон дер Лајен и на ЕК

Доколку биде усвоено барањето, ќе се гласа за интерпелација не само на Фон дер Лајен, туку и на 26-те еврокомесари.

од desk2
11 прегледи

Романскиот десничарски европратеник Георге Пипера вчеравечер во Европскиот парламент (ЕП) ја поднесе иницијативата за интерпелација на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и на целата ЕК. Доколку иницијативата добие поддршка од една десетина од европратениците (минимум 72 пратеници), таа ќе се најде на гласање на пленарната сесија во Стразбур следната седмица, јавуваат светските медиуми.

За поднесената иницијатива, Роберта Мецола, претседателката на ЕП, ги информирала водачите на парламентарниците групи. Доколку биде усвоено барањето, ќе се гласа за интерпелација не само на Фон дер Лајен, туку и на 26-те еврокомесари.

Сепак, прогнозите се дека е малку веројатно дека ќе дојде до интерпелација, бидејќи за тоа е потребно двотретинско мнозинство во ЕП што го сочинуваат 720 европратеници.

Како причина за барањето за интерпелација е наведена нетранспарентност и лошо управување, особено во однос на ковид-кризата.

Слични содржини