Поднесена иницијатива во шведското собрание за недоверба на премиерот Левен

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Екстремно десничарската Демократска партија поднесе иницијатива за недоверба на премиерот Штефан Левен, што, доколку биде усвоена, може да доведе до предвремени избори или формирање преодна влада што би функционирала сè додека не се одржат редовните избори следната година.

Последниот потег беше направен откако Левичарската партијата објави денеска порано дека повеќе нема да го поддржува Левен, кој е на чело на малцинската коалиција од изборите во 2018 година, бидејќи се спротивставува на планот на владата за укинување на контролата над закуп на новоизградената станови.

– Ако имаме можност да ја замениме оваа штетна влада, ќе го сториме тоа – рече Хенрик Винге, лидер на Демократската партија на прес-конференција.

Политичката сцена во Шведска е сериозно поделена од изборите во 2018 година.

Премиерот Штефан Левен ја предводи малцинската влада на левиот центар, која се потпира на поддршката на Левичарската партија и на две други мали партии од десниот центар.

Слични содржини