Поднесена иницијатива за уривање на владата на Дритан Абазовиќ

од Nikola Popovski
250 прегледи

Црногорските пратеници од партиите ДПС, СДП-ЛП, СД, ДУА во собраниска процедура го доставија Предлогот за гласање недоверба на 43-та Влада на Црна Гора.

Како што се наведува во заедничкото соопштение на клубовите, причина за поднесување на предлогот е отсуството на резултатите на Владата во однос на реализацијата на оние приоритети кои беа утврдени при нејзиниот избор, „а кои се однесуваат на реформа на правосудниот систем, зајакнување на систем на владеење на правото, интензивирање на процесот на европска интеграција, консолидација на економската политика во земјата и реорганизација на здравствениот систем во услови на тековната пандемија на коронавирус“.

„Понатаму, игнорантското однесување на премиерот Дритан Абазовиќ кон ставовите на најважните научни институции во земјата, како и истакнати експерти и граѓански организации, и ставајќи ги во преден план односите со Српската православна црква, додека неговото сопствено неодговорно однесување доведе до пораст на тензиите во општеството и до непоправлива загуба на време потребно за квалитетно исполнување на обврските од европската агенда, оваа Влада го загуби легитимитетот“.

Се додава дека на крајот од образложението на предлогот е заклучено дека, „поради сето наведено, а со цел заштита на виталните државни интереси на Црна Гора и зачувување на шансата нашата земја да тргне по патот. на евроинтеграциите, беше потребно да се поднесе иницијатива за гласање недоверба на 43-та Влада на Црна Гора“.

Да потсетиме, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска го потпиша Темелниот договор со патријархот Порфири.

„Идејата за потпишување договор со Српската православна црква е стара идеја, жалам што не беше реализирана во претходниот период. Владата е решена на сите верски заедници да им даде потполно исти права. Среќни сме и задоволни ако денеска придонесовме за тоа“, изјави Абазовиќ по потпишувањето на Темелниот договор.

Партијата на Мило Ѓукановиќ веднаш најави дека ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, која сега е спроведена.

Слични содржини