308
Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.
Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка.
Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.