Поднесена кривична пријава против сегашни и поранешни началаници на СВР Велес, се теретат за Фалсификување службена исправа

од Milan1
79 прегледи

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информира дека поднесена е кривична пријава против Бране Паласков – во време на случување на КД Началник на СВР Велес а сега актуелен началник, Ристе Самарџиев – во време на случување на КД Дополнителен заменски началник на СВР Велес а сега началник на ОПЧИИ – ОКРА при СВР Велес, Трајче Алтанов – во време на случување на КД Помошник началник на СВР Велес, каде и е на истата функција, воедно одговорен за криминалистички работи и офицер за безбедност, Зоран Јовевски – во време на случувањето на КД Началник на Одделение за криминалисичка полиција каде е сеуште на истата позиција раководител и Стојан Кулеџиовски – во време на случување на КД виш инспектор во Отсек за општ криминалитет при Одделение за криминалистичка полиција во СВР Велес, сега началник на истоимениот отсек.

– Постојат основи на сомнение дека за време на техничката влада во периодот од крајот на месец Јануари до почетокот на месец мај 2024 година пријавените како соизвршители и висок старешински кадар на СВР Велес (единствено петто пријавениот бил инспектор односно не бил раководител) заедно помагајќи му на петтопријавениот на начин што истите несовесно потпишувале разновидни акти од соодветната проблематиката изготвени од страна на инспекторите во ООК – ОКП, на кои како контролор – КОНТРОЛИРАЛ фигурирал и ги потпишувал петто пријавениот во улога на виш инспектор, што е незаконски и недозволено, а со тоа воедно постојат основи на сомнение дека пријавените заедно сториле едно продолжено КД “Фалсификување службена исправа” по чл.361 вв чл.45 од КЗ, а всушност истиот бил само со чин виш инспектор, додека во отсекот немало раководител т.е. ова место било испразнето, всушност истиот еден вид лажно се претставувал во улога на раководител – контролор на отсекот за Општ криминалитет во рамки на Одделението за криминалистича полиција, додека своевремено во отсекот имало инспектор со повисок чин – самостоен инспектор Лелита Т. Миленковска која можела да биде само посредно задолжено усно да ја води работата, но и во овој случај немала право да потпишува Акти. Само заради појаснување, со оглед дека во ООК немало раководител односно контролор – КОНТРОЛИРАЛ, актите и списите потребно било да ги потпишува единствено Началникот на криминалистичка полиција или пак останатите во погорната хиерахија над него.

Трето пријавениот кој на актите фигурирал како СОГЛАСЕН и останатите пријавени против правно ги потпишувале актите како што се кривични пријави, известувања и слични Акти доставувани до надлежното ОЈО Велес, МВР како и до други институции и странки во постапките поврзани со работата на СВР Велес, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, „ОЈО ГОКК“

Доказите односно документите што ги потпишувале пријавените при работењето во врска со сторените кривични дела можат да будат најдени при контрола во ОКРА и ООК при СВР Велес како и во ОЈО Велес, ОС Велес, МВР и другите институции каде ги доставувале Актите.

Слични содржини