Групна тужба против Binance, најголемата берза за криптовалути во светот, е поднесена во САД. Тужителите тврдат дека нивните клиенти инвестирале во Binance токму поради поддршката дадена на овој бренд од страна на Кристијано Роналдо.
Да потсетиме, Кристијано Роналдо во ноември минатата година започна соработка со Binance, која е најголемата берза за криптовалути во светот. Потоа Binance ја објави првата колекција CR7 на незаменливи токени (NFT). Најевтиниот NFT од колекцијата CR7 тогаш чинеше 77 долари, додека сега, една година подоцна, цената е околу еден долар.
Обвинителите сега тврдат дека нивните клиенти инвестирале во Binance токму поради поддршката што на овој бренд му ја дава Кристијано Роналдо. Но, како резултат на таа инвестиција имале само загуби, а поединци останале без се што поседувале. Сега бараат да им се обештети за тоа.
Тужителите тврдат дека рекламите на Роналдо довеле до зголемување на интересот за Binance за дури 500 проценти! Дополнително, Роналдо не откри колку е платен за рекламирање, што според американскиот закон бил обврзан да го направи.
Некои аналитичари сега тврдат дека, доколку се утврди дека тужбата е основана, загубата во потенцијалниот спор може да го чини Кристијано Роналдо и до милијарда долари. Засега ниту Кристијано Роналдо ниту Binance не ја коментираа тужбата.