СВР Велес поднесе кривични пријави против советниците на Левица, Игор Смилев и Димитар Абрашев, информираа од партијата.
Левица преку соопштение вели дека ова е „под изговор за ширење на говор на омраза“.
-Органите на прогонот ќе ги гонат советниците на Левица заради фејсбук статус, каде јавно напишале дека пратеникот Коциќ е предавник што гласал за францускиот предлог за бугаризација. За двојните аршини на режимот кој го контролира Спасовски, говори фактот што кривични пријави за директни закани против највисокото раководство на Левица, МВР со години ги чува во фиоки, истакнаа од партијата.