Републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин поднесе три резолуции до американскиот Конгрес за импичмент на американскиот претседател eо Бајден, меѓу другото и поради ситуацијата во Авганистан.
Тејлор Грин објасни дека поднела резолуции за отповикување на американскиот претседател, поради „занемарување на должностите во Авганистан“, „кршење на законите за имиграција и предизвикување безбедносна криза на јужната граница“ и „узурпација на надлежноста на Конгресот со игнорирање на одлуки на Врховниот суд“.
Today, I introduced three impeachment resolutions against Joe Biden for his dereliction of duty in Afghanistan, his violations of immigration law causing a national security crisis on our Southern border, and his usurping of Congressional power by ignoring the SCOTUS. pic.twitter.com/77IMeJoowF
— Rep. Marjorie Taylor Greene (@RepMTG) August 20, 2021
Во резолуциите, конгресменката го обвинува Бајден за „занемарување на должноста“ затоа што не успеал „да обезбеди повлекување на илјадници американски цивили и авганистански сојузници“ кога Талибанците ја преземаа власта во Авганистан и дека тој „вооружува непријатели“, оставајќи американска воена опрема во Авганистан, пренесува „Фокс њуз“.
„За само седум месеци, Бајден предизвика Америка да ја изгуби почитта кон целиот свет. Доказите се јасни и неговите потези се толку нечуени што мора да биде отповикан“, рече Грин.
Републиканците ја зголемија критиката кон Бајден по успехот на Талибанците во Авганистан. Претходно, републиканскиот сенатор Линдзи Греам рече дека „претседателот заслужува да биде отповикан доколку некој Американец или Авганистанец кој им помогнал на американските сили биде оставен во Авганистан по повлекувањето на американската армија“.
Резолуцијата за импичмент поднесена од Марџори Тејлор Грин тешко може да биде усвоена во Конгресот, наведува „Фокс њуз“, додека Белата куќа не реагираше на нејзиниот предлог.