Третото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против Чедомир Јовановиќ за инцидентот што се случи на 18 јули 2020 година кога лидерот на ЛДП со рекет го претепа Жарко Ивковиќ пред клиника во Нов Белград, пренесува „Нова.рс“.
Во формулацијата на обвинителниот акт обвинителот наведе дека постои основано сомнение дека Јовановиќ сторил кривично дело лесна телесна повреда од член 122 од Кривичниот законик.
Во обвинението против лидерот на ЛДП се посочува дека Јовановиќ во здрава состојба, свесен за делото што го прави, со тениски рекет му нанел повреди на Ивковиќ во пределот на главата и рацете.
„Потоа, откако оштетениот Жарко Ивковиќ почнал да се оддалечува од него, тој тргнал по него и во моментот кога му се приближил продолжил да го удира со тениски рекет во грбот и рацете, поради што оштетениот се здобил со полесни повреди.
Обвинителството побара Јовановиќ да биде прогласен за виновен, и добие условна казна, со што судот ќе ја одреди казната затвор во траење од 6 месеци, која ќе се изврши под услов Јовановиќ во следните две години да не стори ново кривично дело.