Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак денес соопшти дека Украина и нејзината критична инфраструктура биле погодени од 120 ракети истрелани од руските сили изминатава ноќ.
„Изминатата ноќ 120 ракети прелетаа над Украина, лансирани од „злобниот руски свет“ за уништување на критичната инфраструктура и убивање цивили. Очекуваме дополнителни предлози од „мировниците“ на Руската Федерација за мирно решение“, напиша Подољак на Твитер.
Советникот на претседателскиот кабинет Алексиј Арестович на Фејсбук напиша дека повеќе од 100 проектили ја погодиле Украина, во неколку бранови, а аларми за воздушен напад се слушаат низ целата земја.