ПОДОБРЕНА ДЕЛОВНАТА КЛИМА: Германската економија, чекор по чекор, излегува од кризата

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Индексот на деловната клима во Германија во мај остана непроменет на 89,3 поени, објави во понеделникот институтот Ifo од Минхен, јавува AА.

Од институтот соопштија дека компаниите се понезадоволни од моменталната деловна состојба, но нивните очекувања за идниот бизнис се зголемени.

„Преработувачкиот, трговскиот и градежниот сектор закрепнуваат, иако услужниот сектор бележи благ пад. Германската економија чекор по чекор излегува од кризата“, се додава.

Што се однесува до производствениот сектор, климата е подобрена трет пат по ред, се наведува во соопштението, во кое се истакнува дека компаниите се многу позадоволни од досегашното работење.

Покрај тоа, изгледите за следните месеци се помалку песимистички отколку во претходниот месец, според институтот Ifo.

Слични содржини