Луѓето од Јужна Европа го подобриле одност кон Европската унија, но не и Германците, се вели во резултати од анкета на вашингтонскиот институт Пју.
Според анкетата, 64 отст од Италијанците и 63 отсто од Шпанците гледаат со големо или извесно одобрување на ЕУ во споредба со 46 односно 50 отсто во тие држави пред една година.
Стабилно е нивото во Франција, Велика Британија и Полска – 55, 51 односно 72 отсто.
Во Германија, најголемата економија во Унијата одобрувањето е намалено на 58 отсто наспротив претходните 66 отсто.
Во четири од шесте големи држави кои го користат еврото поддршката за зачувување на заедничката валута е зголемена во Франција, Шпанија и Италија, а во Германија е стабилна на ниво од 72 отсто/МИА
