Подољак ги откри плановите на Русија и нејзиното движење во Украина

од Берта Китинска
365 прегледи

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак вели дека руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина.

– Руската Федерација ќе ги напушти сите територии освен на југ и исток, ќе се обиде цврсто да се утврди таму, да постави воздушна одбрана, драстично да ги намали загубите и да диктира услови.Не можеме без тешко оружје ако сакаме да ги истераме Русите“, напиша тој.

Денеска е 38-от ден од почетокот на војната во Украина. Русија бара Украина да биде воено неутрална, да се направи денацификација, и Крим, Доњецк и Луганск да бидат припоени со неа.

Слични содржини