Подољак му одговори на Медведев: Прашање е што ќе биде со него за две години

од Nikola Popovski
258 прегледи

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, му одговори на сојузникот на Путин и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев, кој денеска изјави дека прашање е дали Украина ќе постои за две години.

Подољак изјави дека Медведев е мал, несигурен човек кој шири отров кон Украина.

„Тоа му е единствен начин да се докаже. Украина беше, е и ќе биде. Прашање е каде ќе биде Медведев за две години“, напиша Подољак на Твитер.

Да потсетиме, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, претходно го доведе во прашање само постоењето на украинската држава во иднина.

„А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на картата на светот? Иако на Американците повеќе не им е грижа, тие инвестираа толку многу во антирускиот проект што сè им е оставено на нив“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Поранешниот претседател на Русија објави дека видел соопштение во кое се вели дека Украина „сака под закуп да добие течен природен гас (LNG) од своите странски партнери и да го плати за две години“.

Според него, без западниот течен гас, „Украина едноставно ќе замрзне зимава“, пренесува „РИА Новости“.

 

Слични содржини