Домот е нашата тврдина. За да ни носи топлина, радост, среќа и здравје, нашата тврдина треба да е пријатна и соодветно уредена со потребните додатоци за целта.
Како да го организираме домот во новата година, па да ни носи среќа ипросперитет?
Ставете акцент на ѕидовите
Боите ќе донесат расположение и среќа во домот. Закачете слики со овошје, обоени елементи, птици, палми. Соодветни за следната година се дрвените квадратни рамки. Можете да изберете исто така слики или пак да висат слики од последниот одмор со семејството.
Заменете ги перниците на каучот
Перниците на каучот се декорација, која има значење за расположениетово домот.Одберете такви со шарени мотиви, земјени тонови од зелениот и кафеавиот спектар. Допрете се до природата и дозволете ѝ да влезе во вашиот дом во новата престапна година.
Направете ги нозете среќни – постелете под нив убави теписи. Ако досега не сте имале мека подлога во својот дом, сега е време да се стави таква. Ако пак имате, заменете ја со нова и свежа. Цветните мотиви се многу погодни оваа година. Пуштете ја риродата да влезе во вашиот дом.
Пуштете ја светлината во домот
Во новата година држете ги завесите и ролетните тргнати, за да може да влегува максимално многу светлина. Неутралните нијанси ќе се многу погодни. Лесните пастелни тонови од земјината палета ќе помагаат за расположението во домот. Одберете претежно беж, светло зелена, светло сина, светложолта, нежни кафени и светли тонови.

Не заборавајте за растенијата
Секој дом треба да има свои растенија. Тие даваат живот и ја разубавуваат атмосферата. Колку зелена и бујна е вегетацијата во новата година, толку подобро. Лилиумите и фикусите се меѓу најсоодветните за одгледување во домашни услови за 2016 година.
Отстранете ги алергените
Секој дом ги има своите алергени. Тие нè разболуваат и ја намалуваат способноста. Затоа едноставно отстранете ги во новата година!
Заменете ги старите ќебиња, теписи, завеси и собирајте ја прашината од предметите во домот.
