Сиа денеска го објави последното видео од трилогијата која ја започна со “Chandelier”, па ја продолжи со “Elastic Heart“. Песната за која го сними најновото видео се вика „Big girls cry“ и уште еднаш го потврдува неверојатниот сензибилитет и моќа во неколку минути да ги пренесе најдлабоките човекови чувства и стравови.
Логично, во видеото се појавува неповторливо талентираната мала танчерка Меди и тоа повторно сама, за разлика од претходното видео во кое беше придружувана од актерот Шаја Лебјоф. Меди просто неверувачки ја пренесува визуелно секоја емоција која Сиа ја пее. Во ова видео докажува дека со својата експресивност и ритмичност, таа не само што е одлична танчерка туку веројатно би била и прекрасна актерка.