Година дена по стравичната сообраќајна несреќа во која автобус ѝ ја откина раката на српската вотиделка Деа Ѓурѓевиќ се случи нешто прекрасно. Русокосата водителка минатиот месец обележа една година од почетокот на најтешката борба во својот живот, а денеска со следачите на Инстаграм се пофали дека започнала да ги мрда прстите.
Водителката во изминатава година имала повеќе од 20 операции и упорна е во желбата за опоравување, пишува Index.hr.
За српски Курир таа изјавила дека поради силните болки морале да ја успиваат иако била на морфиумска терапија. Денеска, таа зема комбинација од лекови и учи како да се носи со болките.
https://www.instagram.com/p/B8Qr6_xpRpp/
„Мојот терапевт се радува кога ме боли раката, вели дека тоа е добар знак, дека раката оживува“, рекла водителката.
https://www.instagram.com/p/B8E11tKJcA7/
https://www.instagram.com/p/B8MzLHxJvcq/