Погледнете како Џејсон Момоа го „кине“ Ози Озборн (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
423 прегледи

Ози Озборн објави кратка најава за новата песна „Scary Little Green Men“, во која главен е актерот Џејсон Момоа.

Ѕвездата од „Аквамен“ и „Игра на тронови“ се појавува облечен како Ози, посегнува по микрофонот и почнува да пее. За Момоа е познато дека ги обожава легендарните метал-бендови како Металика и Пантера, а очигледно е дека ги сака и Ози и Блек Сабат.

Дури и за ликовите кои ги глуми, актерот вели дека се „металци“ и дека ги градел врз основа на музиката која ја слушал во тоа време.

Оваа песна е исто така најава и за новиот албум на Ози, „Ordinary Man“ во кој ќе гостуваат и Слеш, Даф Мекејген, Елтон Џон и Пост Малон.

Озборн неодамна ја одложи својата американска турнеја бидејќи сакал да се подготви повеќе за да може на своите обожаватели да им приреди незаборавни шоуа.

Слични содржини