Погодена цистерна со азотна киселина во Северодоњецк (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
339 прегледи

Хемиска фабрика е погодена во воздушен напад на Северодоњецк, напишаа украинските власти на Телеграм во вторникот доцна попладне.

Серхи Гајдаи, гувернер на областа Луганск, информира дека Русите погодиле „цистерна со азотна киселина во хемиска фабрика“ и ги повика жителите да не излегуваат од скривниците поради опасните ефекти на киселината.

Руските сили контролираат околу 70 отсто од градот, еден ден откако официјални лица изјавија дека руското гранатирање било толку интензивно што не било можно да се проценат жртвите и штетите.

Слични содржини