Погодете кој е најсекси маж во Русија според анкетите?

од Nikola Popovski
358 прегледи

Анкетите во Русија покажаа дека претседателот на таа земја, Владимир Путин, е најсексапилниот маж во земјата.

Порталот Superjob.ru неодамна спровел анкета, која покажала дека Владимир Путин е најсекси маж во земјата, пренесоа руските медиуми.

Меѓу 2.000 испитаници, Путин освоил 18 проценти од гласовите на мажите и 17 проценти од гласовите на жените.

Владимир Путин има 68 години, а Руската Дума неодамна донесе закон според кој може да остане на претседателската функција до 2036 година.

Рускиот претседател е познат по своите опасни и авантуристички хоби, како што се лов, престој во тајга, играње со тигри. Во своите активности бил фотографиран неколку пати без маица и со тоа го привлекол вниманието на понежниот пол.

Минатиот месец бил фотографиран насмеан во овчја кожа за време на одморот во Сибир, неколку дена откако американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече убиец. Кремљ ги објавил сликите на Путин на кои тој возел теренско возило и уживал во оброк со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

https://www.youtube.com/watch?v=EpP-B1EDXjY