Поголемиот дел од ураниумот од објектот во Фордоу бил преместен на друга локација пред нападот

од Milan1
24 прегледи

Поголемиот дел од ураниумот складиран во нуклеарниот објект за збогатување во Фордоу бил преместен на друга локација пред американскиот напад синоќа, објавија денес иранските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор.

Според неименуван извор од иранската новинска агенција „Мехр“, мерката е преземена по ескалацијата на тензиите и американските напади врз иранските нуклеарни објекти синоќа, вклучувајќи го и Фордоу, кој се наоѓа во покраината Ком во северозападен Иран.

Според иранската агенција, точната локација на која е преместен ураниумот од Фордоу е непозната.

Американските воздухопловни сили бомбардираа три ирански нуклеарни објекти синоќа, вклучувајќи го и Фордоу, подземен објект закопан во планина.

Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА објави дека утрово во два наврати детектирала извор на топлина во објектот во Фордоу, објави претходно Си-Ен-Ен.

Слични содржини