Погребаа пожарникар, загинал во кулите близначки на 11 септември 2001 година

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Речиси 15 години по нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк семејството на исчезнатиот во уништените кули близначки на Светскиот трговски центар пожарникар конечно организира неговиот погреб, пренесоа светските агенции.

20101120.ppapjwdxla

На церемонијата присуствуваа стотици пожарникари, градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио, началникот на противпожарната служба на мегаполисиот Дениел Нигро. Литургија се одржа во црквата Сент Филип и Џејмс во Сент Џејмс на Лонг Ајленд. Двајца од пожарникарите кои го носеа ковчегот на Лоренс Стак, беа неговите синови, соопштија светските агенции.

Во ковчегот имаше две епрувети крв на Лоренс, која неодамна семејството успеа да ја врати. Оваа крв тој донирал неколку месеци пред атентатите, регистрирајќи се како потенцијален донор на коскена срцевина. Ковчегот со крвта на пожарникарите, покриен со американското знаме, беше погребана со воени почести во блиските гробишта Калвертон.

Лоренс Стак го преживеал падот на Јужната кула на Светскиот трговски центар. Потоа давал помош на повреден њујорчанин и кога паднала и Северната кула двајцата биле затрупани. Беше пронајдено пожарникарската блузата која тој соблекол по колапсот на Јужна кула, но неговото тело не беше откриено, раскажуваат неговите блиски.

Од 2.763-те убиени во нападите во Њујорк, само 1.637 беа идентификувани досега. Останатите се водат за исчезнати. 35% од останките, од кои некои со микроскопски димензии, пак не можеа да бидат поврзани со ниту еден од исчезнатите. Од пожарникарите, кои дојда на помош, 343 загинаа, а 127 се водат за исчезнати.