Семејствата започнаа да ги погребуваат своите најблиски, откако најмалку 45 лица во Израел трагично ги загубија своите животи во стампедо.
Околу 150 лица беа повредени, а најмалку 45 загинаа во стампедо на фестивалот Лаг Б’Омер во близина на планината Мерон. Тие биле заглавени во преполн премин.
Дозволени се погребувања за жртвите кои се идентификувани досега.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека истрагата ќе обезбеди таквата трагедија никогаш да не се повтори. За време на посетата на местото на несреќата, Нетанјаху истакнал дека ова е една од најголемите катастрофи што Израел ги доживеал.
„Нашите тела се движеа сами по себе. Луѓето беа фрлени во воздух, а другите беа смачкани на земја“, рекол еден од преживеаните. Медицинските работници се бореле да стигнат до повредените во хаосот што владеел.
Се верува дека претежно умреле мажи и момчиња од ултраортодоксната група Евреи, додека постојат индиции дека некои од жртвите се странски државјани.
Израелска авиокомпанија им понудила помош на членовите на семејствата на жртвите кои живеат во странство и кои сакаат да присуствуваат на погребот на нивните најблиски во Израел.
Недела е прогласен за национален ден на жалост.
https://www.youtube.com/watch?v=PdDLMqRCGUw&feature=emb_title